More

    Мајката на Урош: Не сакам да живеам како мајка на масовен убиец

    spot_img

    Пред да замине вечерта од кај нас, ме бакна, на татко му му рече „Чао “, а на дедо му утре наутро во 7 да запали оган и дека тој ќе дојде да печат прасе и јагне. Ми ги остави калливите патики да ги исперам, излезе по влечки. Ме замоли да додадам малини во тортата што ја спремав кога заминуваше. Апсолутно ништо не укажуваше на тоа дека ќе… Мислев дека се самоубил откако уби и рани толку луѓе, но го пронајдоа утредента, изјавила Билјана Блажиќ, мајката на Урош Блажиќ кој на 4 мај уби 8 млади луѓе во Дубона и во Мали Орашје.

    Скршената жена за српскиот портал Република си ја отворила душата и вели дека жали за секоја жртва на нејзиниот син, дека се моли за оздравување на оние што ги повредил, но и дека како родител е неповратно поразена и згазена.

    Уништил сè околу себе

    – Тој ден, кога пукаше во деца и во невини луѓе, ме уби и мене. Мојот син ме „закопа жива“. Нека ме убие оној кому барем за трошка ќе му се ублажи болката и маката што му ги предизвикал мојот Урош пукајќи таа проклета ноќ. Немам сила, ниту живот да запознаам некој од тие семејства, а камоли да ги погледнам во очи. Не сакам да живеам како мајка на масовен убиец и не можам да го поднесам тој товар. Не барав полицијата да ме заштити, бидејќи не се плашам од смртта, всушност таа би ме спасила од ова страдање – тивко зборувала Билјана, која сега е сама во куќата заедно со свекорот, под постојан полициски надзор.

    Таа изјавила дека не ѝ се живее повеќе, од моментот кога дознала дека Урош извршил масовно убиство. Билјана вели дека немало индиции дека Урош би пукал во соседите и дека ќе се најде на насловните страници низ светот.

    – Уништи сè околу себе, претворајќи се во чудовиште. Ги уништи својот брат, внучето, снаата, дедото и сите роднини, а нас родителите нѐ „закопа“. Нека му се суди според законот – низ солзи зборува таа.

    За неа деновите од 4 мај биле долги колку години бидејќи светот застанал таа вечер кога го слушнала сопругот како лелекал, откако го известиле дека Урош убил двајца млади луѓе, а потоа полицијата затропала на нивната врата. Потоа пристигнувале вести за бројот на нови жртви од крвавиот поход на нивниот син. Пред тоа, Билјана кажала дека сè било нормално и дека сите се подготвувале за слава.

    Имал сè што ќе посакал

    – Немам сила да се сретнам со него, што да му кажам после сè?! Ме измачува прашањето зошто го направил тоа, како се претворил во монструм кога ништо не укажуваше на невидено зло. Него и неговиот брат ги воспитавме да бидат добри луѓе и да сакаат. Тој не беше „изрод“, само темпераментно и палаво дете. Не сме заостанати, па да не му пружиме соодветна стручна помош, доколку забележевме дека психички е лошо. Не го покажуваше тоа и не беше насилен. Урош беше разгален и навикнат да му се угодува. Имаше сè што ќе посака. Живеевме за него и за другиот син, кој е 10 години постар од него. Кога се роди донесе радост, а денес … Не би го посакала ова ниту на најголемиот непријател, на оној најлошиот, бидејќи ова е незамисливо измачување. Никој кој не е во мојата кожа не може да го разбере тоа. Да живееш за него и му пружиш сè, а тој да го приреди ова и на себе и на тебе како родител – вели Билјана.

    – Му се помрачил умот, имал страшен слом и верувам дека не знаел каде оди и што прави. Пукал во добри деца, а не бил свесен за тоа. Цел ден беше дома со татко му, а јас и снаа ми пазаревме намирници за славата. Кога се вративме, почнавме да приготвуваме храна, а Урош тогаш замина во својот дом, кој е на патот за Шепшин. Ме замоли да му дадам нешто за да ги нахрани кучињата – вели мајката Билјана.

    Таа и сопругот опремиле еден кат во викендичката само за него, му купиле машини, фрижидер и му дале 10 хектари земја кога тој се изјаснил дека сака сам да живее.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img