Силите на НАТО во моментов ја вежбаат одбраната на нивната новопроширена нордиска територија и „ловат непријателски подморници“, во вежби што ќе траат речиси две недели во северните региони на Финска, Норвешка и Шведска.
Во вежбата на НАТО, Нордиски одговор 2024, предводена од Норвешка, учествуваат повеќе од 20 илјади војници од 13 земји и започна во понеделникот.
Тоа е дел од „Стедфаст Дефендер 24“ – најголемата вежба на НАТО во последните децении, со речиси 90 илјади војници вклучени во повеќемесечни вежби кои имаат за цел да покажат дека алијансата може да ја брани својата територија до границата со Русија.
Заедничката одбранбена вежба на НАТО ќе трае до 14 март, а оваа недела членовите на екипажот на француската фрегата „Нормандија“ вежбаа „лов на непријателска подморница“, чија улога во овие маневри ја презеде германски брод, а кој, според разработеното сценарио, веќе го „нападна“ блискиот италијански брод, носачот на авиони „Џузепе Гарибалди“.
Според командантот на фрегатата, мисијата била успешно завршена, а непријателската подморница била „лоцирана и уништена“.
Од оваа недела, Шведска стана членка на НАТО, која официјално се приклучи на алијансата во четвртокот.
Шведска, заедно со Финска, која влезе во НАТО минатата година, се откажа од годините на воена неутралност по Втората светска војна, откако Русија ја нападна Украина.