Лажни волонтери се закана за Олимпијадата во Париз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Еколошки активисти од француското здружението „Секаж 2024“ (Saccage 2024) планираат да го нарушат нормалниот тек на Олимписките игри кои идната година ќе се одржат во Париз, преку регрутирање лажни волонтери, обелодени еден од активистите.

– Волонтирањето би требало да биде за општо добро, а тоа не е случај со ОИ, тоа нема добротворни цели – изјави активист на Saccage 2024, кој побара да остане анонимен.

Дваесетипетгодишниот еколошки активист, кој живее во Сент – Дени, каде треба да биде организиран дел од натпреварите на ОИ, планира „одвнатре“ да ги наруши Игрите, доколку биде избран за волонтер.

Според него, организацијата на ОИ во Париз негативно ќе влијае врз животната средина и ќе донесе корист само за големите компании и елитите, а не за локалното население.

Организаторите на ОИ 2024 претходно најавија дека сакаат да ангажираат 45.000 волонтери, а рокот за пријавување истекува на 3 мај.

Share This Article