Курти тврди дека формирањето Заедница на српски општини не поминува

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Косовскиот премиер Албин Курти, ноќеска, за време на дискусијата во косовското Собрание за Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија ја повтори фразата „Заедницата не поминува“, но опозицијата го обвини дека тој веќе ја прифатил.

– Заедницата помина овде во Собранието. Но таа не поминува оти не беше поддржана од Уставниот суд. Не беше прифатена од народот. Заедницата не поминува ниту од премиерот, ниту од Владата – рече Курти.

Премиерот кажа дека прашањето за формирање на Заедницата на српските општини е тоа што најмногу се бара од Србија во дијалогот.

– Кога ќе се сретнам со претседателот на Србија во Брисел, тој само вели „Заедница“ и ништо повеќе – изјави Курти.

Претседателот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Љумир Абдиџику, говорот на Курти во доцните полноќни часови го нарече бајка.

Тој кажа дека Курти покажува како изгледа кога „промената има форма“.

– Само што ја слушнавме приказната дека Курти не се променил. Човекот кој бараше ’не преговори, туку самоопределување’ не се промени. Човекот кој бараше извинување пред дијалогот не се промени. Тој што бараше конфронтации со минатото и кој на крајот ја надмина историјата. Оној кој бараше признание заврши со неутралност. Човекот кој имаше шест услови заврши со ниту еден – рече Абдиџику.

Пратениците од опозицијата го обвинија Курти дека се откажал од ветувањата што ги дал во предизборната кампања со прифаќање на европскиот план.

Претставникот на Демократскиот сојуз на Косово, Дритон Селманај, потсети на шесте услови кои Курти ги наведе на почетокот на февруари за прашањето на Заедницата и додаде дека се откажал од нив со прифаќање на европскиот план.

- Advertisement -

– За прв пат, и покрај изјавата на Бајден дека признавањето треба да биде во центарот, Американците сега се позиционирани за политички договор со многу непознати. Мислам дека ова е последица на неодговорното однесување на Курти – рече Селманај.

Пратеничката на Демократската партија на Косово, Блерта Дељиу-Кодра изјави дека Курти „има поголема битка од онаа со опозицијата“ и дека тоа е „битка со самиот себе, односно со Албин Курти кој беше во опозиција“.

Според неа, прифаќањето на договорот ја разоткри кариерата на Курти полна со демагогија, измами, манипулации и лицемерие.

- Advertisement -

Потпретседателот на Собранието од ДПК Енвер Хоџај изјави дека документот што го прифати Косово „го официјализира меѓународното непризнавање на Косово“.

– Нема ниту де факто, ниту де јуре признавање, туку на Србија и се нуди првата победа – рече тој.

Пратениците на Самоопределување застанаа во одбрана на премиерот по обвинувањата на опозицијата.

Share This Article
Exit mobile version