Полицијата во американската сојузна држава Минесота соопшти дека три лица, меѓу кои и осомничениот, се убиени при престрелката што се случила вчера вечерта во хотелот Супер 8.
Хотелски работник во градот Клоке пронашол друг работник со повреди и се јавил на 911 околу 18.30 часот. По пристигнувањето полицијата пронашла 22-годишна жена со прострелна рана. Таа била пренесена во болница, каде по кратко време починала.
Полицајците потоа пронашле мртов во автомобил на паркингот во хотелот 35-годишен маж, кој исто така починал од прострелни рани. Набрзо бил лоциран и осомничениот за нападот, кој бил пронајден мртов пред имотот на хотелот. Од полицијата велат дека овој случај бил самоубиство, пишува CBS News.
Надзорните камери во хотелот го потврдија идентитетот на осомничениот, но полицијата се уште не знае што точно го предизвикало овој инцидент. Истрагата е во тек. Идентитетот на жртвите и осомничениот ќе биде објавен откако ќе бидат известени нивните семејства, пренесува Индекс.