Крипто-претприемачот Џастин Сан денеска го исполни ветувањето што го даде откако потроши 6,2 милиони долари на уметничко дело, банана залепена со селотејп за ѕид, јадејќи го овошјето.
Во еден од најскапите хотели во Хонг Конг, Сан пред десетици новинари и инфлуенсери одржа говор во кој го поздрави делото како „исконско“ и повлече паралели помеѓу концептуалната уметност и криптовалутата.
Потоа ја изеде бананата.
– Оваа беше многу подобра од други банани…Навистина има добар вкус – рече Сан.