Крилото на Села фалсификувало потписи и менувало членови на Собранието, тврдат приврзаниците на Таравари

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во седиштето на партијата Алијанса за Албанците во Тетово прес-конференција одржаа тројца членови кои во име на претседателот Арбен Таравари, образложија дека се направени повеќе повреди на статутот од страна на луѓето кои учествувале на Собранието на партијата на 10 февруари. Адвокатот Абидин Абдули рече дека тоа Собрание е нелегитимно и оти се направени низа прекршоци кои содржат и елементи на кривични дела.

– На тоа Собрание се фалсификувани потписи на дел од членовите на Собранието-советниците и исто така и изменети со имиња на други членови кои воопшто не се советници. На Конгресот на 27.03.2022 и на одржаните собранија на 17.09.2022 и 21.1.2023 избрани се советници со вкупен број 137. Од тие јас имам изјави од 70 советници кои не присуствувале на Собранието и коишто дале изјави на нотар дека не биле на тоа Собрание на 10 февруари. Затоа тој собир го нема потребното мнозинство да се одржи, затоа што не биле присутни ни половина од легитимни советници и не може да се свика Конгрес зошто нема двотретинско мнозинство – истакна Абидин Абдули.

Членот на партијата и поранешен министер, Азиу Алиу образложи како се направени повеќето прекршувања на статутот. Според него, записникот и списокот на присутните членови на т.н. седница на Собранието не се доставени во архивата партијата во седиштето во Тетово.

– Од изјавите дадени во јавноста и други проверки констатираме низа статутарни прекршоци и тоа повреда во свикување на собранието каде е повреден член 71. ц, прекршен член е 49, иницијатива за разрешување на претседател треба да се базира на принципи од член 50 од статутот на нашата партија, но е прекршен од страна на претседател на Собранието, без да се констатира причина, иницијатива за прекин на мандат на претседателот не е донесена со двотретинско гласање од состав на партиско собрание и друго – образложи Алиу.

Според Азир Алиу, печатите на партијата се кај претседателот Арбен Таравари.

– Ако имате претседател со мнозинство членови не треба да се дискутира кое собрание е легитимно. Не е свикано Собранието од Таравари и не е свикано од 2/3 од составот на партиското Собрание. Не гласале 2/3 од легитимните членови на партиско Собрание и ова е тешка статутарна повреда и кривично дело бидејќи се манипулира со списокот на членови на собранието. Ако е битно, печатите се кај претседателот Таравари. Но нашата поврзаност, комуникација со народот и бројот на присутни на страна на претседателот ние е многу побитно од печатите – изјави Азир Алиу.

На вонреден конгрес денеска, петок, 16 февруари 2024 година, претседателот на партијата Арбен Таравари повикал врз основа на член 31, точка 1 од Статутот.

Share This Article