Костовски сподели дека по една година Град Скопје одговорило на неговото барање за изградба на фекална канализација

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, лани во август испратил барање до Град Скопје за изградба на фекална канализација во населените места Бел камен и Кучевачка бара, а одговор од градоначалничката Данела Арсовска добил по една година.

Сега е донесена одлука за изградба на оваа фекална канализација, по дополнителен амандман на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

На оваа тема на својот Фејсбук профил се огласи градоначалникот Костовски кој напиша:

„Пред точно една година на 22.08.2022 до Град Скопје поднесов барање за изградба на фекална канализација во населените места Бел камен и Кучевачка бара. На овој чекор се одлучив имајќи предвид дека на еден предизборен собир во наведените населени места градоначалничката Данела Арсовска во мое присуство вети реализација на овој исклучително важен проект. После една цела година градот Скопје се одважи на ова мое барање и на 14.09.2023 година со поддршка на советниците на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за реализација, поточно изградба на фекална канализација во Бел камен и Кучевачка бара“, напиша Костовски.

Тој им се заблагодари на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје, што на истата седница од 14.09.2023 година поднесоа дополнителен амандман со кој се прецизира реализацијата на оваа одлука која при поднесувањето не беше доволно јасна. Амандмнанот на ВМРО-ДПМНЕ беше прифатен од страна на советот.

„Благодарен сум што градот Скопје се одважи на ова мое барање, иако доцни цела година. Би сакал да истакнам дека се надевам нема ова да биде сурова лага на Данела Арсовска, и дека ќе се одважи на тоа што во мое присуство им го вети на жителите од наведените населени места. Со особено внимание ќе ја следам ситуацијата, бидејки ми е лично важна. Ќе бидам тука да реагирам веднаш доколку нешто не оди како што треба“, напиша тој.

Share This Article
Exit mobile version