Корисниците на Твитер му рекоа на Илон Маск да ја напушти функцијата извршен шеф откако тој од нив побара да гласаат дали да остене генерален директор. Вкупно 57,7 отсто од учесниците во анкетата гласаа „за“.
Во анкетата учествуваа повеќе од 17,5 милиони корисници на Твитер, а 42,5 отсто од нив се изјаснија против повлекувањето на Маск.
Маск претходно кажа дека ќе ги почитува резултатите од анкетата, но уште нема негов коментар на резултатот од акетата. Но и доколку се повлече од функцијата извршен шеф, ќе остане во компанијата како нејзин сопственик.
Тој во минатото ги почитуваше анкетите на Твитер.
Маск самиот се назначи за извршен шеф на Твитер, по купувањето на Твитер и смени голем дел од директорите