Континуираните мерења на емисиите на цврсти честички од двете мерни точки во Макстил, покажуваат дека тие се движат во нормала и се неколку пати пониски од граничните дозволени вредности

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Континуираните мерења на емисиите на цврсти честички од двете мерни точки во Макстил, покажуваат дека тие се движат во нормала и се неколку пати пониски од граничните дозволени вредности. Овие мерења се следат и објавуваат веќе две години и во целиот овој период сите вредности од емисиите на цврсти честички од Макстил биле неколкукратно пониски од граничните дозволени вредности.

Ова се потврдува и со мерењата во вториот квартал од 2023 година, коишто покажуваат дека на мерната точка Оџак од пескара, каде дозволената гранична вредност изнесува 30 (mg/Nm3) милиграми на нормален метар кубен, највисоката вредност била измерена во месец јуни и изнесува 11,91 милиграми на нормален метар кубен. Највисоката вредност на втората мерна точка, Оџак од филтер постројка каде дозволената гранична вредност изнесува 20 милиграми на нормален метар кубен, била во месец февруари и изнесува 7,82 милиграми на нормален метар кубен.

Овие вредности се во согласност со европските гранични емисиони вредности и воедно се пониски и од пропишаните параметри во А-интегрираната еколошка дозвола.

Компанијата согласно својот општествено одговорен однос, постојано инвестира во современи технолошки процеси со кои значително се зголемуваат еколошките стандарди.

Во продолжение следат графичките прикази од измерените вредности од двете мерни точки за првата половина од годината, прикажано по месеци и споредено со дозволените гранични вредности.

Share This Article
Exit mobile version