Владимир Путин им наредил на руските сили во Мариупол да не ја напаѓаат фабриката за челик Азовстал, туку да ја обезбедат областа за да не може да лета ниту една мува. Оваа огромна фабрика стана последното упориште на украинскиот отпор во Мариупол.
Кои се луѓето кои се во челичарницата?
Би-Би-Си пишува дека ова е 36-та поморска бригада.
Во средата, нивниот командант мајор Сергиј Волина рече дека нема да се предаде, но побара меѓународна помош за 500 ранети војници и стотици жени и деца кои се кријат со нив во фабриката за челик.
Членови на оваа бригада биле и Британците Ејден Аслин и Шон Пинер, кои минатата недела беа заробени од Русите.
Друга единица чии членови се во фабриката за челик е Азовскиот полк, именуван по Азовското Море, кој пак го поврзува Мариупол со Црното Море.
Маринците и Азовскиот полк ги здружија силите минатиот викенд.
Не е јасно колку украински војници се уште се во фабриката за челик, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека ги има повеќе од 2.000.
Утрово Азов на Телеграм објави дека се уништени три тенкови, две борбени возила и еден оклопен носач „и покрај исклучително тешката ситуација“.