More

    „Kiss Cam“ е атракција на американските спортски настани, но често знаеше да ги доведе луѓето во непријатни ситуации, сепак еден пар стана вирален

    spot_img

    „Kiss Cam“ е атракција на американските спортски настани, но често знаеше да ги доведе луѓето во непријатни ситуации, сепак еден пар стана вирален.

    Клипот, кој е прегледан повеќе од три милиони пати откако беше објавен на TикТок, прикажува неколку парови на „Kiss Cam“ во Роџерс Арената во Ванкувер. Во еден момент покажа двајца непознати лица како седат на трибините, а меѓу нив има празно седиште. Иако на почетокот изгледаше дека жената не се согласувала со идејата, сепак таа се согласи да го бакне непознатиот човек до неа, откако публиката навиваше тоа да се случи.

    Камерата потоа се префрлила на останатите парови од публиката, а потоа им се врати на двајцата непознати. И тука доаѓа до неочекуван пресврт. Имено, партнерот на жената се појави и седе на празниот столче меѓу нив, додека жената се правеше дека ништо не се случило.

    „Ќе биде интересно возењето до дома“, рече спикерот во арената, а многумина во коментарите на видеото ги интересираше исходот.

    „Знам дека падна на колена кога ја виде снимката“, „Ја изгубив вилицата од шок“, „Значи момчето знаеше дека таа не е сама“, се само дел од коментарите на популарното видео.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img