Кинески авиони и бродови утринава спроведоа вежби за симулација на напад врз главниот остров во Тајван

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кинески авиони и бродови утринава спроведоа вежби за симулација на напад врз главниот остров во Тајван, јави тајванското Министерство за одбрана, а пренесуваат британските медиуми.

Министерството соопшти дека неколку групи кинески авиони биле откриени во Тајванскиот теснец и дека некои ја преминале централната линија.

Во соопштението се додава дека војската на Тајван издала предупредување и ги ставила во состојба на готовност патролните сили за воздушно извидување, поморските бродови и проектили за да се справи со ситуацијата, а доцна синоќа истрелала проектили за да предупреди седум беспилотни летала кои леталет над тајванските острови Кинмен и неидентификувани авиони кои летале над островот Мацу.

Министерството соопшти дека војниците се во состојба на готовност во двете области, кои се наоѓаат недалеку од брегот на континентална Кина, пренесуваат британските медиуми.

Share This Article