More

    Ќе се определат највисоки цени за 10 видови овошје и зеленчук

    spot_img

    Министерството за економијата направи анализи и ќе достави предлог одлука до Владата на следната седница да одреди замрзнување на цените на зеленчукот и овошјето, најави министерот Крешник Бектеши. Тој рече дека ќе бидат опфатени над десет производи.

    – Вчера се завршени сите анализи во Министерството за економија согласно податоците добиени од страна на Царинската управа, а воедно и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во однос на замрзнување на цените за овошјето и зеленчукот. Предлог на Министерството за економија ќе биде замрзнување или определување највисоки цени во делот на овошјето и зеленчукот и тоа секако дека е направено во согласност и со МЗШВ. Ќе бидат опфатени над десет производи на овошје и на зеленчук имајќи ги предвид податоците за месец март, каде што, за жал, е утврдено дека одредени трговци на овие видови производи имале големи маржи што надминувале 100 – 200 проценти за одредени производи, рече Крешник Бектеши од Тетово.

    Тој рече дека трговијата за овошје и зеленчук се врши на друг начин од другите производи заради тоа што рокот е многу пократок и секогаш маржата е поголема, но не може да биде 150-200 проценти.

    – Во однос на другите производи, ние веќе сме ги објавиле сите анализи, најверојатно во Владата ќе одржиме и прес-конференција каде што преку презентација, преку табели ќе ја информираме јавноста во делот на просечната цена што била посебно во месец март, а граѓаните бидејќи знаат кои се цените сами може да направат споредби и тоа што ќе го кажеме ние за овошјето зеленчукот е потврдено – рече Бектеши.

    Тој оцени дека кон крајот на април или почетокот на мај ќе се зголеми домашното производство и тоа, како што дополни, ќе влијае позитивно на намалување на цените. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img