Казахстан го враќа старото име на главниот град

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Казахстан, Касим – Жомарт Токаев прифати да го врати некогашното име на главниот град на земјата, Астана. Ова следува по само три години откако го преименуваше во чест на својот претходник Нурсултан Назарбаев, соопшти неговиот кабинет.

Токаев се согласил на промена на името по иницијатива на група пратеници.

Еден од првите потези на Токаев откако ја презеде должноста во 2019 година, по заминувањето на Нурсултан Назарбаев, беше да го промени името на главниот град на Казахстан. Астана да биде Нур-Султан.

Назарбаев, кој ја водеше земјата три децении под Советскиот Сојуз и откако стекна независност во 1991 година, го смени главниот град од Алмати во Астана во 1997 година. Чекорот нашироко беше проблематизиран поради релативната изолација на градот во северните степи и озлогласените студени зими, каде температурите паѓаат дури и 51 степен Целзиусов под нулата.

Тој го претвори градот во изложба на блескава архитектура, вклучително и кула за набљудување, каде посетителите можат да ги стават рацете во отпечатокот на Назарбајев.

Токаев го отстрани Назарбаев од високите функции по бурните немири во јануари, во кои имаше и жртви.

Share This Article
Exit mobile version