More

    Како еден од најпопуларните пијалоци во светот го доби своето име? Можеби ќе бидете изненадени

    spot_img

    Еден од најпознатите пијалоци во светот секако е Пепси-Кола, на сите позната како само – Пепси. Овој пијалок е произведен во 1898 година од фармацевтот Кејлеб Брадам од мал град во Северна Каролина и првично се сметал за добар за варење.

    Својата мешавина од шеќер, вода, карамела, масло од лимон, ореви и други адитиви, Бредам ја нарекол – „пијалок на Бред“ и ја продавал во својата аптека, која оттогаш е претворена во локална туристичка атракција – „Родното место на Пепси“.

    На 28 август 1898 година, Бредам решил да го преименува својот пијалок „Пепси-Кола“. Новото име потекнува од зборот диспепсија, што значи лошо варење. Заедно со новото име, пијалокот доби и нова клучна состојка – јаткасти плодови, според веб-страницата The Birthplace of Pepsi.

    Тој сакаше да пласира на пазарот пијалок кој не само што ќе биде освежителен, туку ќе има и здравствени придобивки, вклучувајќи го и помагањето на варењето, според страницата.

    Бредам, исто така, го купил името „Пеп Кола“ од локален конкурент и го сменил во Пепси-Кола, според компанијата денес.

    Еден локален фармацевт видел голем интерес за неговата газирана вода и решил да ја посвети целата своја енергија за да го претвори овој пијалок во вистински бизнис и се пријавил за заштитен знак во 1902 година, создавајќи ја компанијата Пепси-Кола.

    Во меѓувреме, бизнисот порасна на нивоа што таткото на Пепси веројатно не можеше ни да ги замисли, а минатиот март компанијата најави здрава трансформација на овој популарен пијалок – 57 отсто помалку шеќер во секое шише, пишува New York Post.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img