More

    Израел ги гаѓаше сириските бази за воздушна одбрана

    spot_img

    Две бази за воздушна одбрана во јужна Сирија биле погодени во текот на ноќта од израелски ракети, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

    Како што се наведува во соопштението за печатот на опозициската организација со седиште во Велика Британија, која ја надгледува војната во Сирија, нема жртви во ракетните напади врз провинцијата Дара, која се наоѓа на крајот од линијата за прекин на огнот меѓу сириските и израелските сили на Голанската висорамнина.

    Државните сириски медиуми не објавија за овие напади, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

    Нападите дополнително ги зголемуваат тензиите на северната граница на Израел по смртоносниот ракетен напад од Либан врз анектираниот дел на Голан во кој загинаа дванаесет деца во саботата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img