Градски автобус се запали на улицата Воислав Илиќ кај Синиот мост во Белград. Возачот веднаш се обидел да го изгасне пожарот, но не успеал. На местото на настанот излезе и полицијата.
Според првичните информации, во пожарот нема повредени.
Пред два дена, на 28 ноември, беше објавено дека градски автобус се преполовил во близина на Машинскиот факултет. Возилото се движело кон гаражата и во него немало патници.
Исто така, околу 27 октомври, на Бранков мост изгоре автобус.
Српските медиуми велат дека сите овие инциденти се последица на очајната состојба во која се наоѓа градското сообраќајно претпријатие.