Со тага и неверување ја примивме денешната вест за смртта на Љубен Стојкоски, долгогодишен секретар на општина Дебрца.
Роден 1957 година живееше во село Белчишта, Општина Дебрца,Образование- Дипломиран Правник.
Од 1997 година до 2005 година ја извршуваше функцијата Секретар на Советот на Општина Белчишта, од 2005 година до 2013 година ја извршуваше функцијата Секретар на Општина Дебрца и од 2017 до 2022 година ја извршуваше функцијата Секретар на Општина Дебрца.
Нема зборови за овој момент на тага кои може да се искажат, само најдобрите спомени и дела за Вас вечно ќе останат да се паметат.
Во име на Градоначалникот и во име на вработените на општина Дебрца до семејството испраќаме изрази на најдлабоко сочуство.
Нашето сочувство и молитви нека Ви донесат утеха и нека Ви ја олеснат болката поради оваа загуба.
Тешко да се поверува дека тој повеќе не е со нас, но запомнете дека она што го одржуваме живо во нашите срца и во нашите спомени и делата кои ги остави зад себе за Општина Дебрца никогаш нема да Почине.
Нека Ти е вечна слава.