Халанд ја одби наредбата и го налути Гвардиола

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - Champions League - Manchester City Press Conference - Etihad Campus, Manchester, Britain - March 13, 2023 Manchester City manager Pep Guardiola during the press conference Action Images via Reuters/Jason Cairnduff

Манчестер Сити победи со 2:1 против Лидс и дојде на чекор до новата титула англиски шампион, а Ерлинг Халанд на крајот од натпреварот го налути менаџерот Пеп Гвардиола.

Несогласувањата ги подгреа пенал кој Сити го имаше при водство од 2:0. Халанд му ја препушти егзекуцијата на Илкај Гундоган, кој на тој начин доби можност да го комплетира хет-трикот. Менаџерот сакаше Халанд да го изведе ударот, а дополнително се налути кога Гундоган го промаши пеналот.

Лидс подоцна ја намали негативата на 2:1.

„Да постигнеше Гундоган, се ќе беше во ред. Хет-трик, одлично, одиме понатаму… Но, изведувачот е изведувач. На 2:0 тоа е работа, особено во англиската лига. Не е ситуација во која можеш да заборавиш кој ги изведува пеналите, не можеш да го направиш тоа“, изјави Гвардиола и продолжи:

„Во Англија играта не е завршена на 2:0. Ако беше 4:0 и 10 минути до крајот, тогаш ОК… Сакав пеналот да го изведе играчот кој нормално го прави тоа. Тоа значи Халанд или Махрез. Сепак, и оваа ситуација покажува каква личност е Ерлинг. Сакаше да го израдува својот соиграч, покажа дека соиграчите му се многу важни. Го почитувам потегот на Халанд, но сепак тој требаше да го изведе пеналот бидејќи е специјалист за тоа“.

Share This Article
Exit mobile version