Гувернерката на Њујорк им рече на граѓаните да се навикнат на поплавите

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, изјави дека обилните дождови што донесоа изненадувачки поплави во Њујорк се резултат на климатските промени кои веројатно ја одразуваат „новата нормалност“.

– Се разбира, знаеме, ова е резултат на климатските промени. Ова е, за жал, она што треба да го очекуваме како ново нормално – рече Хочул, пренесоа британските медиуми.

Таа предупреди на поплави опасни по живот и прогласи вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон, а воедно го поздрави одговорот на владата и кажа дека нема пријавени смртни случаи и покрај силниот дожд.

Хочул додаде дека вонредната состојба, што овозможува побрза распределба на ресурсите за решавање на кризата, ќе остане на сила во следните шест дена.

Гувернерката на Њујорк кажа и дека разговарала со лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер и дека ова тело е подготвено да поддржи федерална декларација за катастрофа доколку е потребно.

Во некои делови на Њујорк наврна и до 20 сантиметри дожд, а многу училишта, градското метро, ​​улици и автопати беа поплавени.

Share This Article
Exit mobile version