Големата музичка ѕвезда Здравко Чолиќ синоќа имаше успешен концерт во Будва, а не можеше да се изброи бројот на присутни во публиката

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Големата музичка ѕвезда Здравко Чолиќ синоќа имаше успешен концерт во Будва, а не можеше да се изброи бројот на присутни во публиката.

Пејачот е познат по големите и успешни концерти, но она што го направи синоќа сите ги шокираше. Овој спонтан гест предизвика воодушевување.

Имено, Чолиќ во еден момент од настапот зел шише со вода во рацете, се приближил до публиката и ги испрскал сите. Но, тој не застанал тука, по што го фрлил шишето и со нога го шутнал кон публиката.

„Го одработи Десингер“, гласеше описот на видеото, алудирајќи на српскиот рапер Драгомир Деспиќ – Десингерица, кој е познат по бунтовничкото однесување на настапите.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а коментарите се нижат еден по друг:

„Каков цар“, „Ова е вистинска музичка ѕвезда“, „Ова е Десингерицата на вашето детство“, „А кога Десингерица прска, тоа е проблем“ – беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Share This Article
Exit mobile version