Ѓоковиќ новата сезона ќе ја почне на АТП турнирот во австралискиот град Аделаида од 2 до 8 јануари

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ новата сезона ќе ја почне на АТП турнирот во австралискиот град Аделаида од 2 до 8 јануари, кој вообичаено им служи на играчите како подготовка за грен-слем турнирот во Мелбурн подоцна истиот месец.

Ѓоковиќ, кој сезоната ја заврши со освојување на АТП завршниот турнир во Торино и во моментов е петторангиран на светската листа, својот последен настап за оваа година ќе го има во Дубаи на егзибициски турнир од 19 до 24 декември.

Австралиските власти претходно овој месец му ја поништија тригодишната забрана за влез во земјата на 35-годишниот Ѓоковиќ и му одобрија виза за настап на Австралија опен.

На почетокот на оваа година на Ѓоковиќ му беше забранет влез во Австралија бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, но австралиските власти во меѓувреме ги укинаа ограничувањата поврзани со задолжителната вакцинација.

Share This Article
Exit mobile version