Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја посакува титулата на Вимблдон и затоа дојде во Лондон само три недели по операцијата на менискусот што ја имаше во Париз. Тој во првото коло рутински го совлада чешкиот играч Вито Коприва, па во следната рунда за противник ќе го има британскиот претставник Џејкоб Феарнли.
Но, пред тој дуел тој ѝ ја исполни желбата на Украинката Дијана Харкуша, поранешната Мис Универзум на Украина и манекенка. Таа го бркала српскиот ас низ комплексот и успеала да дојде до него и да му побара фотографија. Тој излезе да ја пречека, а таа објави и кратко видео од неколку секунди како изгледа сето тоа.
Снимката брзо привлече големо внимание на социјалните мрежи, особено поради нејзината убавина. Харкуша е родена во украинскиот град Харков на 5 јули 1994 година, а во 2014 година го зазеде местото втора придружничка на изборот за мис во нејзината земја.