Гласањето во затворите тече без проблеми, соопшти ДИК

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Гласањето за претседателските избори во 14-те казнено – поправни установи во земјава до овој момент се одвива без проблеми, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

„На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. До овој момент гласањето тече без проблеми“, се посочува во соопштението од ДИК.

Денеска, 2.569 гласачи своето право на глас ќе можат да го остварат во 31 гласачко место во ДКП каде што се пријавиле да гласаат, а чиишто пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија.

Гласачкото право во единствениот центар за внатрешно раселени лица ќе можат да го остварат и двајца гласачи кои се водат како внатрешно раселени.

Во текот на денешниот ден избирачките одбори во Македонија ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни или немоќни, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.

Денеска 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа ќе имаат можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени.

Со право на глас во Избирачкиот список за Претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.

Од ДИК информираат дека постои изразен интерес и за набљудување на овие избори од страна на домашни, странски и меѓународни организации и медиуми.

ДИК досега издаде акредитации за набљудување на 342 домашни, 517 странски и меѓународни набљудувачи, 51 преведувач и 32 странски новинари.

- Advertisement -
Ad image

На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК како и страниците на социјалните мрежи фејсбук, X, инстаграм, како и каналот на јутјуб, каде што ќе можат да најдат правовремени и точни информации поврзани со изборите.

Share This Article