More

    Газета експрес: Околу 76 отсто од граѓаните на Косово се против формирањето на ЗСО

    spot_img

    Околу 76 отсто од граѓаните на Косово се против формирањето на Заедницата на српските општини, покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата УБО консалтинг.

    Како што пренесува „Газета експрес“, 75,9 отсто од граѓаните на Косово се согласиле со изјавата дека „Косово не треба да формира Заедница на општини со српско мнозинство“, додека со тоа не се согласуваат 18,4 отсто од испитаниците.Околу 77,9 отсто од испитаниците се со став дека „премиерот Аљбин Курти не треба да прифати ниту еден услов во кој се бара формирање на Заедница на општини со српско мнозинство“.

    68,1 отсто од испитаниците се согласуваат со констатацијата дека „Собранието на Косово треба да го откаже договорот од 2013 година со кој се предвидува формирање на ЗСО“, додека 26,2 отсто сметаат дека Косово треба да гарантира поголеми права на српската заедница.

    „Газета експрес“ потсетува дека Курти на 13 март рекол дека му биле претставени 15 европски модели за да се формира ЗСО, но тој не сакал да ги објасни тие модели, туку само рекол дека некои од нив веќе се користени во европските земји каде што националните живеат малцинствата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img