Франција би ја предводела, заедно со Грција и со Турција

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот изјави дека Франција ќе работи на евакуација на жителите од разурнатиот град Мариупол во Украина, објави Ројтерс. „Хуманитарната операција“ би била спроведена со помош на Грција и Турција, а Макрон рече дека за ова ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

– „Исклучителната хуманитарна операција“ ќе започне во „следните неколку дена“ – рече Макрон во петокот, додавајќи дека ќе ги финализира деталите во следните 48 часа во разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, објави Ле Монд.

Околу 100.000 луѓе остануваат заробени во Мариупол, кој веќе со недели е бомбардиран и опколен од руските сили. Обединетите нации соопштија дека примиле и докази за масовни гробници во Мариупол, од кои едната содржи 200 трупови.

Шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дриан, денеска изјави дека „доколку ништо не се преземе за да им се помогне на цивилите во Мариупол, ќе следи колективна вина“.

– Мариупол е впечатлив пример за воена опсада, а воените опсади се ужасна форма на војна бидејќи цивилното население се масакрира, уништува. Страдањето е страшно – рече Ле Дриан на меѓународната конференција на Форумот во Доха.

– Затоа мора да има барем еден момент во кој цивилното население може да дише – додаде тој, додавајќи дека на тоа прашање е ангажиран францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон завчера кажа дека сака во следните денови да има повеќе разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Украина и иницијативата да му се помогне на населението да го напушти Мариупол.

TAGGED:
Share This Article
Exit mobile version