More

    ФОТО Големиот канал во Венеција мистериозно позелени

    spot_img

    Водата во главниот Венецијански Голем канал, во близина на мостот Риалто, во неделата стана флуоресцентно зелена, а властите работат на откривање на причината за необичната појава, за која можеби се одговорни зелените активисти.Регионалната агенција за заштита на животната средина земала примероци од вода и работи на идентификување на супстанцијата што ја променила бојата, објави агенцијата на Твитер.

    Венецискиот префект свикал итен состанок на полициските сили за да дознае што се случило и да предложи можни контрамерки, пренесе агенцијата Анса.

    Инцидентот потсетува на неодамнешните настани во Италија кога еколошките групи сликаа над споменици. Во последниот ваков инцидент, активисти ја затемнија водата на римската фонтана Треви со јаглен во знак на протест против фосилните горива.

    За разлика од претходните случаи, ниту една активистичка група не презеде одговорност за настанот во Венеција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img