Фестивалот за јапонска култура, наречен „Нихон-џи“ ќе се одржи на 27 мај во Национална галерија Мала станица

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фестивалот за јапонска култура, наречен „Нихон-џи“ ќе се одржи на 27 мај во Национална галерија Мала станица.

За „Нихон-џи 2.0 – Неонски бранови“, неформалната организација на јапан@мк  подготви уште побогата програма, овојпат, фокусирајќи се на мноштвото контрадикции кои ги содржи јапонската култура, а кои сепак симбиотично и беспрекорно функционираат заедно креирајќи одличен рецепт за успех.

Публиката ќе има можност да проследи презентации и работилници поврзани со традиционална и поп-култура и панели на сериозни општествени и филозофски теми, и технологија.

Присутните ќе уживаат во забавни дебати предводени од членови на дебатниот клуб МОФ и квизови организирани од волонтерите на фестивалот за аниме љубителите. Особено атрактивен е и гејминг делот во чии рамки ќе се одржат два турнира, катче за друштвени игри и бројни други изненадувања.

Програмата на Нихон-џи 2.0 ќе биде дополнително збогатена со читање на хаику поезија на македонски хаику поети и музички настапи во живо на Елена Христова, музичкиот состав Maribosi и DJ сет на Andrea Hz. Публиката ќе ужива во презентација на модни креации на познати современи македонски дизајнери и студенти на Факултутетот за мода и дизајн инспирирани од јапонска мода и традиционална облека.

Две простории во Мала Станица ќе бидат облагородени и со две уметнички изложби, од кои во едната ќе бидат претставени дела од реномирани македонски уметници, а другата ќе прикаже дела на младите креативци кои се пријавија на отворениот повик.

Посетителите ќе имаат прилика да си понесат и нешто со себе од продажниот дел на фестивалот каде ќе бидат изложени изработки, книги, манга, облека инспирирани од јапонска култура. Уште едно специфично искуство на фестивалот е приликата да се дегустираат различна јапонска храна и пијалоци.

Сите заинтересирани може да погледнат фотографии, видеа или други информации за сите настани на Јапан@мк на било кој од социјалните медиуми (Instagram, Facebook, Youtube) како и на страната japan.net.mk.

Фестивалот Нихон-Џи е формално поддржан од  Амбасадата на Јапонија во Република Северна Македонија.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version