„Фајзер” соопшти дека има пад во приходите во третиот квартал, во услови на остар пад на продажбата на својата вакцина против ковид-19

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер” соопшти дека има пад во приходите во третиот квартал, во услови на остар пад на продажбата на својата вакцина против ковид-19, но ја зголеми проценката за годинашниот приход од вакцините на 34 милијарди долари.

Од јули до септември приходите на американскиот гигант паднаа за шест отсто, на 22,64 милијарди долари. Нето добивката, пак, забележа ист процентуален раст, на 8,6 милијарди долари.

Приходите од продажбата на вакцината против ковид-19 паднаа за 66 отсто на 4,4 милијарди долари.

Продажбата на вакцината „Comirnaty“, развиена од „Фајзер“ во партнерство со германската „БиоНТек“, се намали од високите нивоа во екот на пандемијата, бидејќи многу земји се блиску до крајот на нивните примарни кампањи за вакцинација.

Исто така, се стравува дека можно е да биде слаба побарувачката за адаптирани вакцини за кампањата за вакцинација. Поради тоа, „Фајзер“ се надева дека ќе ја зголеми цената на вакцината приближно четирикратно во САД откако владата ќе престане да купува дози и продажбата же с епрефрли на пазарот.

Компанијата вчера ја зголеми својата проценка за годинашниот приход од вакцините за две милијарди долари, на 34 милијарди долари.

Share This Article
Exit mobile version