Европската унија во вторникот соопшти дека изборниот процес во Србија треба да се подобри и реформира, по критиките на меѓународните набљудувачи кои оценија дека има многу нерегуларности на изборите одржани во неделата, а на кои победи владејачката партија.
„Со загриженост заклучуваме дека изборниот процес бара опипливо подобрување и дополнителни реформи“, рече портпаролката на Европската комисија.
Европскиот парламент е подготвен да посредува меѓу владејачката партија и опозицијата во Белград, изјави германската европратеничка од Зелените, Виола фон Крамон, член на изборните набљудувачи.
Меѓународните набљудувачи критикуваа бројни нерегуларности на изборите.
„Србија гласаше, но ОБСЕ укажа на случаи на злоупотреба на јавни средства, заплашување гласачи и купување гласови“, критикуваше германското Министерство за надворешни работи. „Ова е неприфатливо за земја која има статус на кандидат за членство во ЕУ.
Според прелиминарните резултати, владејачката Српска напредна партија (СНС, националистичка десница), од чие раководство Вучиќ формално се повлече во мај оваа година, освои 46,7 отсто од гласовите.
Левичарската проевропска опозициска коалиција „Србија против насилството“ освои 23,5 отсто од гласовите.
Но, овие резултати се оспорени. Опозицијата ги критикува измамите во Белград и неколку илјади луѓе во понеделникот вечерта се собраа пред изборната комисија барајќи поништување на изборите во главниот град.