Иако многу актери велат дека оваа работа ја работат затоа што тоа е нивна страст, нема сомнеж дека задоволството е поголемо кога на крајот ќе добијат и одличен хонорар. Сепак, Мет Дејмон (53) е совршен пример дека не секогаш е сè во парите.
Холивудскиот актер ја одбил шансата да стане најплатен актер за улога во еден од најголемите филмови на сите времиња. Имено, Џејмс Камерон сакал Дејмон да се појави во „Аватар“ и му понудил 10 отсто од заработката. Но, Дејмон го одбил.
– Во тоа време работев на постпродукција на „The Bourne Ultimatum“, па го одбив – рекол Дејмон.
Со оглед на конечната заработка на филмот, доколку Дејмон се согласел да се појави како Џејк Сали, кој на крајот го глумеше Сем Вортингтон, тој ќе заработел околу 250 милиони долари.
– Ги оставив тие пари на маса, но ми беше јасно дека со тоа што морав да кажам „не“, веројатно ја пропуштив можноста некогаш да работам со него. Тешко ми беше и сè уште жалам поради таа одлука – заклучил Дејмон.