Инстутотот за јавно здравје (ИЗЈ) објави препораки за заштита на доенчињата и децата од сонце. Македонија и регионот се во портокалова и црвена фаза поради високите температури на воздухот.
Од 0 до 6 месеци
Доенчињата на возраст под 6 месеци треба да се чуваат подалеку од директна сончева светлина.
Избегнувајте користење крем за сончање. Младата кожа на бебето нема способност да метаболизира и излачува хемикалии кои често се наоѓаат во кремите за сончање.
Облечете го бебето во лесна сончева облека – заштитна облека што дише и ги покрива рацете и нозете.
Секогаш заштитувајте ги главата, лицето, ушите и вратот на вашето бебе со капа со широк обод и/или чадор. Бебето кое носи капа во првите неколку месеци ќе се навикне да ја носи.
Користете очила за сонце со UVA/UVB заштита. Очите се погодени од изложеноста на зраците на УВ зрачењето.
Прошетајте рано наутро пред 10 часот или после 17 часот и користете светлобојна количка со заштитна покривка од сонце.
UV-апсорбирачки заштитен слој за прозорци во автомобилите.
6-12 месеци:
Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија, но, сега, може да се вклучи употребата на креми за сончање.
Одберете крем за сончање наменета за детска кожа во консултација со Вашиот лекар или фармацевт.
Нанесете крем за сончање со широк спектар со минимум 30 фактор на сончева заштита, особено местата непокриени, како што се рацете, вратот, ушите и нозете на бебето.
Што е најважно, кремот за сончање мора да се нанесува 30 минути пред да излезете надвор и повторно да се нанесува на секои два часа или по пливање или прекумерно потење.
Предучилишна возраст:
Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија.
Заштитата на малите деца од сонцето бара малку повеќе размислување и труд. Важно е да гo едуцирате вашето дете и старателите.
Проверете го просторот на отворено каде што вашето дете игра за да се уверите дека има соодветна сенка.
Погрижете се малите деца да бидат покриени. Облеката од памук со долги ракави, светлобојна, удобна, а истовремено и високозаштитна.