ЕСМ Продажба објави нов повик за снабдување и тоа отворен

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ЕСМ Продажба објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во Р. С. Македонија, пред сè поголемите производствени и услужни капацитети.

„Со оглед на тоа што на претходно распишаниот повик од АД ЕСМ имаше понуди кои не беа верификувани, а досегашниот испорачател Промгас – Макпетрол со кој досега имавме договор не достави понуда, нов повик е распишан од страна на ЕСМ Продажба.

Повикот ќе биде од отворен карактер, и во однос на количините и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите, за периодот 1. јануари – 30. април 2023 година“ – се вели во соопштението на ЕСМ Продажба.

Макпетрол објави дека го прекинува увозот на пророден гас, незадоволен од условите на кои се согласила државата во  Договорот за интерконективно поврзување со Бугарија, кои го заасегаат нејзиното работење. Макпетрол е досега најголемиот снабдувач со гас на топланите и на ЕСМ Топлификација. Министерот за Економија Крешпник Бектеш го нарече неодговорно однесувањето на Макпетрол и најави за денеска разговори и контакти со компанијата.

Share This Article
Exit mobile version