More

    Ердоган се согласил Шведска да влезе во НАТО

    spot_img

    Часови откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека прво Турција треба да влезе во ЕУ, па потоа да бидат отворени вратите за Шведска во НАТО, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на Фејсбук штотуку објави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се согласил Шведска да влезе во НАТО. Столтенберг, Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон се состанаа претходно за да разговараат за загриженоста на Турција во врска со дозволувањето на Шведска да се приклучи на НАТО.

    Освен Турција, Унгарија беше уште една НАТО-земја која се противеше на членството на Шведска. Сепак, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан во четвртокот изјави дека Будимпешта нема да го блокира ратификацијата на шведското членство во НАТО.

    Ердоган ја даде контроверзната изјава дека Турција треба да биде во ЕУ пред Шведска во НАТО токму пред да замине за Вилнус, каде следните два дена ќе се одржи самитот.

    Меѓу другото на самитот се очекува и некакво поместување околу членството на Украина во Алијансата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img