Се обидувате да го намалите крвниот притисок? Секој ден седете малку помалку и ќе видите резултати, велат експертите.
Новото истражување сугерира дека седењето помалку може да направи голема разлика кога станува збор за нашето здравје.
Минатиот месец, JAMA Open Network објави студија во која беа опфатени 283 постари лица на возраст меѓу 60 и 89 години, кои беа поделени во две групи. Една од нив беше контролата.
Членовите на контролната група беа вклучени во десет состаноци со тренер кој им помогна да си постават цели за поздрав живот. Членовите на втората, таканаречена група за интервенција, добија стоечко биро и уред за следење што ги потсетуваше да прават паузи за време на долготрајното седење.
Се покажа дека интервентната група го намали дневното време поминато во седечка положба за околу 32 минути, додека контролната група не доживеа промени во количината на седење. Исто така, намален е и крвниот притисок на испитаниците од интервентната група, што укажува дека само 30 минути помалку седење дневно може да го подобри кардиоваскуларното здравје, пренесува Index.hr.
Научниците заклучија дека кај популациите со поголем ризик од кардиоваскуларни болести и поврзани здравствени исходи, мали промени во шемите на седење се доволни за да се подобри нивниот крвен притисок.