Единаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Единаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Како што се наведува во соопштението, сите биле изгаснати.

Во село Арачиново горела депонија, во Горно Лисиче гореле ниска вегетација, ѓубре, жито, се интервенирало на пожар и кај хотел „Њу стар“ во Бутел, потоа во Ѓорче Петров, сува трева и гранки биле опожарени во Долно Свиларе, депонии гореле во Петровец и Росоман, опожарена била трска кај хотел „Метропол“ во Охрид, неготински пожарникари интервенирале во Пепелиште, а во општина Кочани, кај месноста „Трајаново Трло“, запалени биле сува трева, гуми, пластика и друго ѓубре.

„Кон полицијата биле упатени 58,98 отсто, кон Итната медицинска помош – 26,27 проценти, а кон пожарникарите – 6,97 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК“, пишува во денешното соопштение.

Share This Article