Едно лице почина, а најмалку шест се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 15 часот на магистралниот пат Скопје – ГП Долно Блаце, на крстосницата со сервисна улица која го поврзува патот со обиколницата околу Скопје.
Во несреќата учествувале минибус „мерцедес” со косовски регистарски ознаки, управуван од Р.Х. (63) од Косово и патничко возило „голф” со скопски регистерски ознаки, управувано од Ф.И. (19) од Скопје.
Двајцата возачи, како и четворица повредени патници од Косово, биле итно пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување на помош, а двајца најтешко повредени се префрлени во ГОБ „Св. Наум Охридски”. Една од нив, К.А. (67) починала од здобиените повреди.
Извршен е увид од СВР Скопје и известен јавен обвинител, а возачот Ф.И. е уапсен, информира МВР во билтенот.