More

    Eкономски раст од 2,3 отсто и инфлација од 14,3 отсто

    spot_img

    Eкономски раст од 2,3 отсто и инфлација од 14,3 отсто, предвидува Народната банка во својата есенска прогноза. Ова е надолна ревизија на она што се предвидуваше во април.

    Според основното сценарио, стапката на раст за годинава би била 2,3 отсто, а за следната година 2,6 отсто, додека според второто сценарио, растот оваа година би изнесувал околу два отсто и би забавил на 1,8 отсто следната година. На среден рок, се предвидува опоравување на растот на БДП на 3,6 отсто во 2024 година и на 4 отсто во 2025 година. Ризиците околу растот остануваат надолни и во голема мера ќе зависат од движењата во европската економија.

    – Ризиците за проекциите се оценуваат како изразено надолни и се поврзани со надворешното опкружување особено со текот на војната во Украина и импликациите на глобалните пазари врз примарните производи и врз растот на европската економија. Овој неизвесен глобален контекст уште повеќе ја потенцира потребата за водење на прудентни домашни политики, истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција.

    Годинава, според прогнозата, ќе ја завршиме со инфлација од 14,3 отсто, а следната година се очекува постепено забавување на ниво од 8 до 9 отсто. На среден рок, инфлацијата ќе се намалува сведувајќи се на 2,4 отсто во 2024 година и на 2 проценти во 2025 година. Не се предвидува квартален пад на економијата.

    За разликата во инфлацијата што ја има во Европската унија и кај нас, според гувернерката,постојат неколку фактори.

    – Нашата увозна зависност и степенот на трговска отвореност на нашата економија е значајно поголем во споредба со Европската унија. Кај нас трговската отвореност е 140 проценти од БДП, а во ЕУ 70 проценти. Вториот важен фактор е голема увозна зависност во енергетскиот сектор, а нашата економија во споредба со европската е поенергетски интензивна. Третиот значаен фактор е потрошувачката кошничка, односно кај нас на храна и енергија отпаѓа околу 50 проценти, а во ЕУ околу 30 проценти. Оттука јасно е дека ист глобален шок ги погодува сите економии, но интензитетот со кој ги погодува, зависи од голем број домашни фактори – посочи Ангеловска-Бежоска.

    За годинава, дефицитот во тековната сметка на билансот на плаќања се очекува да изнесува 7,4 отсто од БДП, а во 2023 година предвидено е да се намали на 5,6 отсто за на среден рок во 2024-2025 година да имаме низок дефицит на тековната сметка од 1,6 отсто од БДП, сличен на претпадемискиот просек.

    Од Народната банка уште еднаш потврдија дека граѓаните не треба да се грижат за стабилноста на денарот затоа што девизните резерви се на ниво од 3,7 милијарди што е на слично ниво како и на почетокот на годината, а очекувањата се дека тие ќе продолжат да растат што е гаранција за одржувањето на домашната валута.

    Приватните трасфери од странство бележат зголемување и се очекува годинава да надминат две милијарди евра. Минатата година растеле близу 40 проценти, а досега оваа година околу 30 проценти.

    Најновите проекции за кредитниот пазар упатуваат на умерено забавување на растот на кредитната активност до крајот на годинава, кое ќе продолжи  и во 2023 година. Растот на кредитите во 2022 година се очекува да изнесува 9,2 проценти на годишна основа, додека во 2023 година 7,1 проценти. Во следниот период се очекува стабилизирање на кредитната активност, со просечна стапка на раст од 7,5 проценти во периодот 2024‒2025 година, во услови на раст на домашната економија, стабилизација на очекувањата и зголемена побарувачка на кредити од домаќинствата и корпоративниот сектор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img