More

    Eден вид фигури од јајцата Киндер вреди цело богатство

    spot_img

    Долго време се изложени на касите на супермаркетите и секое дете ги посакува. Се разбира, ова се Киндер јајца. Сите кои успеале да ги убедат своите родители да ги купат, можеле да очекуваат комбинација од чоколадо и забава. И многу луѓе денес можат да бидат двојно посреќни затоа што некои од фигурините од минатото вредат навистина многу пари, пишува списанието Fenix.

    Пред се, мислиме на фигурите на Штрумфовите. Ако сте доволно среќни да имате Штрумф Ноќниот чувар, Штрумф со флејта или Штрумф со огледало во вашата стара колекција, можете да очекувате неколку илјади евра. На Ebay ноќниот чувар Штрумф има цена до 12.000 евра.

    Но, бидете внимателни, колекционерите прават голема разлика и се исклучително детални. Посакуваниот Штрумф има голема вредност само ако се користи сина тврда пластична влошка, со бојадисана капа и панталони, пишува списанието Феникс.

    Слика од Елиса од Pixabay
    Штрумфот со огледало може да му донесе на својот сопственик од 4.800 до 6.000 евра заработка – под еден услов: огледалото да биде обоено сребрено, наместо бело. Штрумф на потпорници вреди околу 900 евра.

    Џуџе со висока вредност е Ферди Фалобст. Ако е од темен основен материјал, вреди од 2.000 до 3.500 евра. Пари носат и фигурите на Астерикс и Обеликс, се продаваат од 100 до 180 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img