More

    (ОБНОВЕНО) СВР ОХРИД ГО ПОТВРДИ НАСТАНОТ!!!(Две млади лица синоќа ранети со нож во меѓу етнички инцидент пред ноќен клуб во Охрид)!!!

    spot_img

    СВР Охрид по објавата на веста на Охридскај со званично соопштение го потврди настанот.Во сопштението се вели:

    Приведен охриѓанец поради кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“
    На 09.11.2024 во 00.25 часот, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија З.У.(20) од Охрид. Тој се сомничи дека е сторител на кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, сторено на 08.11.2024 година во 23.30 часот пред спортска сала во Охрид. Притоа, со повреди нанесени со остар предмет се здобиле С.Д.(25) од селото Лактиње, општина Дебрца, Ф.Б.(22) и И.А.(22), двајцата од Охрид. Во врска со овој настан, на 09.11.2024 во 00.40 часот, во СВР Охрид повикан е Х.С.(20) од Охрид и пронајдено е моторно возило „бмв“ со охридски регистарски таблици, кое било управувано од осомничениот. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави“.

    Пртходоно објавена вест:

    Две машки лица со убодни рани на екстремитети и уште едно женско лице на возраст од 17 години .е’ епилогот на групна тепачка кај спортско рекреативниот центар Билјанини Извори во Охрид.

    До настанот дошло ,кога поголема рганизирана група на ученици од македонска националност од Охрид имале организирана забава во ноќен клуб лоциран во  спортско рекреативниот центар Билјанини Извори во Охрид, и на излегување од клубот биле пречекани од неколку млади лица од албанска националност,кој лица со употреба на ладно орудие -Нож иа нанеле телесни повреди ,при што истите го напуштиле местото на настанот.

    Веднаш по настанот на лице место пристигнаа две возила на итната медицинска помош од Охрид и едно возило на ПС од ОН Охрид.

    Од она што успеавме да го дознаеме од оштетените лица ,истите биле нападнати од лице син на испектор во СВР Охрид  и уште две лица од албанска националност кој биле со него ,но за срека на паркингот интервенирало обезбедувањето на ноќниот клуб, со што бил спречен инцидентот до кој можело да дојде и до смртни последици.

    Повеќе информации очекуваме од МВР во текот на денешниот ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img