More

    Двајца возачи од струмичко вршеле јавен превоз на патници без лиценца, поднесени соодветни поднесоци

    spot_img

    Денеска (14.08.2024) во 04.00 часот кај наплатна рампа Кадрифаково, светиниколско, во правец кон Свети Николе, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С. од с.Радово, струмичко.

    Притоа, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган. На истото место во 04.20 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола и на патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Г. од с.Дабиле , струмичко.

    При контролата, исто така, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган. За настаните бил известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна на возачите им е изречена глоба, а сообраќајните дозволи им се одземени и возилата се исклучени од сообраќај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img