Два хеликоптери на јапонските сили за самоодбрана се урнаа во морето за време на вежба, при што загина најмалку едно од осумте лица во нив

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Два хеликоптери на јапонските сили за самоодбрана се урнаа во морето за време на вежба, при што загина најмалку едно од осумте лица во нив, јавија агенциите, цитирајќи јапонски медиуми.

Хеликоптерите SH-60 синоќа изведоа вежби за борба против подморница во близина на јужниот брег на централна Јапонија, наведуваат јапонските медиуми.

Потрагата по исчезнатите членови на екипажот на хеликоптерите продолжува.

Јапонскиот министер за одбрана Кихара Минору на прес-конференција рече дека двата хеликоптери најверојатно се судриле.

Американскиот амбасадор во Јапонија, Рам Емануел, на социјалната мрежа Икс објави дека Јапонија може да смета на САД во спроведувањето на операцијата за потрага по исчезнатите лица.

Share This Article
Exit mobile version