Државните ревизори дојдоа до поразител заклучок

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бројот на извршени услуги за магнетна резонанца во македонското здравство во 2022 година бил на приближно исто ниво како и во 2017 година, иако бројот на апарати за МР во тој период е удвоен од 7 на 14, покажува анализата на Државниот завод за ревизија.

Донесените политики и преземените мерки и активности од надлежните институции и здравствените установи не секогаш обезбедуваат достапни и квалитетни здравствени услуги со МР за осигурениците, заклучува ДЗР.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Користење на здравствените услуги за радиолошка дијагностика со магнетна резонанца“ со цел да се даде одговор на прашањето „Дали на осигурениците им се достапни навремени и квалитетни здравствени услуги за радиолошка дијагностика со магнетна резонанца-МР?“ во периодот од 2019 година до 2022 година.

Ревизорите утврдиле дека и покрај остварениот напредок во поглед на обезбедување на седум нови, покрај постојните осум апарати за МР во јавното здравство во последните три години, истите не се доволно искористени, а донесените политики и преземените мерки и активности од надлежните институции и здравствените установи не секогаш обезбедуваат достапни и квалитетни здравствени услуги со МР за осигурениците.

Најинтензивно користење на апаратите за магнетна резонанца се врши во Клиничката болница Битола, Институт за радиологија и Здравствен дом Скопје, додека најниска искористеност има апаратот во КБ Тетово.

Во електронската листа објавени се вкупно 110.466 слободни термини за МР, од кои се закажани 83%, а искористени 56% односно извршени се 61.987 прегледи за кои е издаден специјалистички извештај.

Само во три ЈЗУ се вршат снимања со МР за сите видови дијагностики, а во останатите поради недоволно обучен кадар или неисправни калеми се вршат само одредени снимања, додека снимање на доенчиња и мали деца се врши само во две ЈЗУ кои имаат обучен кадар.

Дел од ЈЗУ немаат воспоставено ПАКС-систем, поради што нема комплетна архива на МР снимки и не може да се потврди вкупниот број на извршени снимања. Исто така, не секогаш се запазува правилото за читање на снимките од МР на работната единица на апаратот или во ПАКС-систем со потребната резолуција и квалитет на снимка, заклучува Државниот завод за ревизија.

Share This Article
Exit mobile version