Background

ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ОСТАНА БЕЗ ИНСПЕКТОРИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Нема кој да врши инспекциски надзор во градежништвото, бидејќи последниот инспектор кој работел на тоа исполнил услови за пензија на крајот на 2025 година. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам веќе осма година го води в.д. директор кој треба својата работа да ја заврши за шест месеци, а на негово место да биде назначен директор со решение. Општините речиси и да не реагираат на неправилностите од извршените редовни и вонредни инспекциски надзори, а општинските инспектори често не ги гледаат неправилностите на терен.

- Advertisement -
Ad image

Ова се дел од состојбите кои ги открил државниот ревизор при контролата на работењето на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за 2024 година.

Ревизорите утврдиле дека последен пат директор на Инспекторатот е именуван во 2018 година со решение. Тој е разрешен во мај 2018 година.

„До моментот на вршење на ревизијата, функцијата директор ја обавуваат вршители на должност назначени со Решенија од страна на Владата и тоа за периоди подолги од шест месеци, со што се создава ризик раководењето со ДИГУ да биде извршувано од страна на лица кои не ги исполнуваат законски дефинираните услови“, забележуваат ревизорите.

Ревизорите обелоденуваат дека во инспекторатот нема доволен број инспектори. Додека траела ревизијата имало само двајца од кои едниот бил пред пензија, а се потребни 8.

Ревизорите констатираат дека и во овој случај Министерството за финансии не давало согласност за нови вработувања, иако е констатирано и дека еден од инспекторите исполнува услови за пензија.

„Од извршениот увид во документацијата и предметите од извршените инспекциски надзори ревизијата утврди дека од систематизирани 19 работни места за инспектори, во 2024 година спроведувањето на инспекцискиот надзор го вршат 5 инспектори и тоа, 3 во областа на градежништвото, од кои едно работно место – градежен инспектор од август 2024 година е ставено во мирување и 2 во областа на урбанизмот. Во моментот на вршење на ревизијата, инспекцискиот надзор во областа на градежништвото се спроведува од страна на 1 инспектор, кој до крај на 2025 година се стекнува со право на старосна пензија, со што ДИГУ останува без градежни инспектори, односно без можност од спроведување на инспекциски надзор во областа на градежништвото“, се наведува во извештајот од ревизијата.

Ревизијата покажува и низок степен на реакција на општините по донесените решенија и други акти на инспекторите по извршените инспекциски контроли.

Од извршениот увид во 14 предмети во урбанизмот каде што општината се задолжува да преземе мерки за отстранување на утврдените неправилности, до моментот на вршење на ревизијата постапено е само по 4 предмети.

Иста е состојбата и при вонредните контроли кои ги извршил Државниот инспекторт во кои се утврдени неправилности кои не ги пронашле општинските градежни инспектори или каде што не направиле контрола, донесени се решенија, но нема реакција на нив.

„Со увид во 17 предмети за извршен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, кај 6 предмети се утврдени неправилности кои се однесуваат на бесправно изградени објекти. До моментот на вршење на ревизијата, од страна на општините постапено е само по 4 предмети, а за еден предмет поради непреземени мерки од страна на овластениот градежен инспектор истиот е доставен до МВР за понатамошно постапување“, информираат ревизорите.

Ревизорите утврдиле дека не се води правилно пописот во инспекторатот, а дека не се води и точна евиденција на работното време што според ревизорите влијае и на пресметка на плата врз основа на присуство на работното место.

Исто така утврдено е дека инспекторатот нема целосно воспоставен систем на внатрешни финансиски контроли, што создава ризик од евидентирање на финансиски трансакции во деловните книги кои не се темелат на веродостојна сметководствена документација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation