Џони Деп продаде колекција портрети за 3,5 милиони евра

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Џони Деп заработи околу 3,5 милиони евра само неколку часа откако објави продажба на своите слики на Инстаграм.

Холивудскиот актер денеска објави дека својата дебитантска колекција „Пријатели и херои“ ќе ја пушти во продажба преку лондонската галерија „Castle Fine Art“.

Сликите се посветени на луѓето кои најмногу го инспирирале во неговата кариера: гитаристот на „Ролинг стоунс“, Кит Ричардс, оскаровецот Ал Пачино, иконскиот пејач и текстописец Боб Дилан и дивата од златното доба на Холивуд Елизабет Тејлор.

Сите 780 дела беа продадени за само неколку часа, по цени кои се движеа од 4.000 долари за индивидуални слики до 16.000 долари за колекција.

 

„Отсекогаш сум ја користел уметноста за да ги изразам моите чувства, да размислувам и да им се оддолжам на оние кои ми значат – семејството, пријателите и луѓето на кои им се восхитувам“, истакна актерот.

Како што вели, сликите секогаш го опкружувале, но тој ги чувал за себе.

„Никој никогаш не треба да се ограничува“, рече Деп.

- Advertisement -

ФОТО: Инстаграм

Share This Article
Exit mobile version