More

    Дел од парите ќе одат за субвенции на инвестициите во 2022 година

    spot_img

    Нова распределба на буџетските пари ќе се направи до 15. декември откако ќе се направи проценка дали буџетските ставки се потрошени 100%, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

    Битиќи рече дека тоа е стандардна операција што се прави секогаш на крај на годината.

    -Се прави финалната прераспределба за да се максимизира ефикасноста на Буџетот т.е. трошењето на Буџетот. Таа се прави отприлика накај 15 декември, стандардна операција што ја имаме секоја година. Гледаме каде реално ќе имаме ниво на трошење, подобро или полошо, и од таму се крати. Нема одредени буџетски ставки коишто се таргетираат, туку едноставно се гледа секоја буџетска ставка дали е возможно до 31 декември да се потроши на нивото на кое што е посакувано, а тоа е 100 отсто, а ако не се кратат дополнителните средства за да се прераспределат таму каде што е навистина потребно – рече Битиќи.

    Тој рече дека дел од овие пари ќе бидат порераспределени за исплата на субвенционирање на инвстициите на компаниите за претходната година.

    – Сега веќе имаме претстава дека ни недостигаат одредени средства коишто ќе ги земеме од таму каде што не стигнале одредени институции да ги спроведат за да се исплати 100 отсто субвенционирање на инвестициите што се направени претходната година – рече Битиќи.

    Претходно,  на почеток на минатиот месец, на предлог на Владата, Собранието изгласа Одлука за прераспределба на Буџетот за 2023 година, наменета за повисоки плати за 10 проценти во јавната администрација, исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, како и за средства за социјална помош, за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет антикризни мерки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img