More

    Четири лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето во Нов Зеланд

    spot_img

    Четири лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето во Нов Зеланд
    Најмалку четири лица загинаа во поплави и свлечишта предизвикани од обилните дождови во Окланд, Нов Зеланд, јавува Анадолија.

    Според Stuff News, во Окленд врнеше силен дожд.

    Дождовите предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во повеќе делови од градот. Едно лице загина како последица од уривање на куќа во одрон во регионот Ремуера.

    Две лица загинаа во поплавите во регионот на долината Ваирау.

    Телото на лицето по кое се трагаше од 27 јануари беше пронајдено со помош на дрон во регионот Оневеро, на еден километар од местото каде што исчезна.

    Во меѓувреме, Метеоролошката канцеларија на Нов Зеланд издаде предупредување за силен дожд за Окленд. Според извештајот на Би-Би-Си, 75 отсто од просечните летни врнежи во Окленд паднале за 15 часа.

    Според Business Insider, патничкиот авион на Emirates Airlines полетал од аеродромот во Дубаи до Окленд околу 10:30 часот по локално време вчера.

    По неколку часа патување, авионот морал да се врати назад бидејќи аеродромот во Окленд бил затворен за домашни и меѓународни летови поради обилните врнежи од дожд.

    Патниците се вратиле на почетната точка по 13-часовен лет.

    Во Окленд на 27 јануари беше прогласена вонредна состојба поради обилните дождови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img