Настана општ хаос откако британскиот водител и новинар Пирс Морган ги прозва кралот Чарлс Трети и Кејт Мидлтон поради коментарите за бојата на кожата на синот на принцот Хари и Меган Маркл, а потоа се огласи и британскиот крал.
Експертите од британското кралско семејство тврделе дека кралската палата е сигурно бесна поради скандалот и дека гневот е неизбежен откако Морган синоќа откри две имиња на кралското семејство и директно ги поврза со расизам.
Кралот Чарлс слета во Дубаи каде ќе го одржи воведниот говор на конференцијата за климатски промени COP28.
Кога нигерискиот претседател Бола Ахмед Тинубу го прашал како е, британскиот монарх одговорил:
„Добро сум… само онака“, одговорил кралот Чарлс Трети.
Да потсетиме, холандската верзија на книгата „Крајна игра“ (Endgame) на Омид Скоби за британското кралско семејство беше повлечена од продажба откако наводно случајно откри како кралското семејство ја коментира бојата на кожата на синот на Хари и Меган, Арчи, а синоќа Пирс Морган одлучи да се прекине тишината.