More

    Британската министерка ѝ напиша писмо на Лиз Трас

    spot_img

    Шефицата на британското МВР си даде оставка попладнево откако беше обзнаено дека испратила официјален документ од својот приватен мејл. Оставката има и политичка димензија. Суела Брејвермен во писмо на Твитер рече дека е загрижена за насоката во која оди владата на премиерката Лиз Трас, пишува Би-Би-Си. Ова го ниша бродот на новата британска влада.

    Брејвермен имаше една од највисоките позиции во британската Влада, со одговорности меѓу кои и надзор на границите на Велика Британија, полиција и борба против тероризам.

    Нејзиното писмо со оставка звучи како напад врз премиерката Лиз Трас. Таа пишува дека работата на владата се потпира на тоа дека луѓето ќе ја прифатат одговорноста за своите грешки и оти продолжувањето понатаму „како сите да не гледаат дека сме ги направиле“ и да се надеваме дека работите „магично“ ќе се исправат не е сериозна политика.

    Се чини како писмото да е повик до Лиз Трас таа да си даде оставка од премиерската функција.

    Нов министер за внатрешни работи ќе биде Грант Шапс кој беше главен поддржувач на Риши Сунак за време на трката за лидер на Ториевците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img